Блог за когнитивни науки и други љубопитности

“Премин” до Јапонија

Stage

Во Јапонија секоја година се организираат безброј културни настани. Секој град, секое село, дури и секој студентски интернат си има ден во кој или заеднички се готви, или се слика, се учи калиграфија или изведува музика. Ова видео случајно излезе од еден долго-неотворен фолдер на мојот компјутер.

Заедно со Мазен од Јемен (гитара) и Ниман од Филипините (џембе тапан), ја изведуваме “Pass Over” на Анастасија од “Пред дождот”. Изведбата се случи за време на фестивалот кој го организира еден интернационален студентски интернат во Кобе во 2008 година. Идејата беше да се претстави нешто македонско. Ме запрашаа што најдобро знам, дали да готвам македонска храна или да играм македонски танци — јас им одговорив дека најмногу ми лежи да испеам нешто. Песната заеднички ја вежбавме само два часа пред настапот, не сме нај нај-синхронизирани, но интересно испадна. Се надевам Анастасија нема да тужи. СИТЕ авторски права се на Анастасија.


Авторски права за насловната фотографија: WilliamMarlow – http://flic.kr/p/ccwMsS

Имате ли коментар? Напишете го тука:

Вашата е-адреса нема да биде јавно објавена.