Блог за когнитивни науки и други љубопитности

Сребрен џип од марката Volkswagen Touareg брзо ги минува километрите на автопатот кај местото Нова Градишка во Република Хрватска рано утрото на 16 октомври, 2007 година. На совозачкото место седи Тоше Проески, македонскиот пејач со волшебен глас, зад него, неговата менаџерка Лилјана Петровиќ и возачот Ѓорѓе Георгиевски — негов пријател….

Во афричка савана, набљудуваме четири долги и елегантни нозе, кафеавкасти петна кои се протегаат по должината на најдолгиот врат во природата, на чиј врв се наоѓа долгнавеста глава со пар тенки уши, врз која има две рогчиња во форма на четки. Не е тешко да се заклучи дека животното кое…

„Да видам, па да поверувам“ е стара изрека која за првпат се среќава во литературата некаде околу средината на 17-от век. Таа денеска се користи на многу јазици во секојдневниот говор, како наслов на новели, филмови, песни, па дури и како име на организации. Во суштина, изреката содржи правило за…

Замислете дека се наоѓате во концертна сала и оркестарот го свири познатиот концерт за виолина на Вивалди — “Четири годишни времиња”. “Пролетта” завршила пред точно два става, а штотуку започнува феноменалното и брзо престо — последниот музички став од “летото”. Удобно се сместувате во седиштето и со уживање ја слушате…

Теле

(Ова не е напис за политичката состојба во Република Македонија и преговорите за името. Ова е скромно филозофско размислување за концептот "име" во четири часот наутро.) Кога се раѓаме некој нѐ именува и со тоа го започнува нашиот идентитет. Секое име има значење и тоа значење е недвосмислено поврзано со…

SeeingBelieving

Г-ѓа Викторија ужива во забавата приредена од нејзиниот сопруг, г. Артур. Џагорот на гостите веќе ја исполнува претходно тивката соба и ништо не ја наговестува несреќата која ќе се случи наскоро. Возбуден, г. Артур го соопштува изнадувањето на вечерта — неговиот гостин д-р Рич, хипнотичар. Тој е наемен да ја хипнотизира…

Airplane

2014 година ќе остане запаметена по неколкуте трагични авионски несреќи кои се случија во период од само половина година. Во изминатите четири месеци, Malaysia Airlines изгуби два авиона во кои загинаа вкупно 537 патници и членови на екипажот. Првиот лет MH370 мистериозно исчезна над Индискиот океан, додека вториот MH17 беше…

Hang on Little Tomato

Се обидов да ја преведам оваа прекрасна песна од албумот “Hang on Little Tomato” на Pink Martini. Секако дека песните на оригиналниот јазик звучат “попоетски”, но се надевам дека преводов не е предалечен и успешно ја пренесува таа поетичност.

Cinema

Еден од методите на создавање нови медиуми е кога два веќе постоечки медиума се комбинираат еден со друг. Новиот хибриден медиум ги има карактеристиките на своите родители, но е истовремено перцептивно различен. “Шокот на Г”, Атанас Кирјаковски, 2014Таков медиум се кинографите или слики, најчесто фотографии, со мало и суптилно движење…

Icefish

Japanese people like to eat their food fresh and many traditional dishes are made of raw meat and vegetables. We all understand the concept of “freshness”, but it mostly refers to an animal or plant product that has been consumed not long time after the organism had died. However, the…