Блог за когнитивни науки и други љубопитности

Визуелен систем

Додека ги читате овие реченици, буквите се оцртуваат и отскокнуваат од позадината, нивните линии се остри и прецизни, но ако само за момент ги свртите очите за некој сантиметар понастрана од нив — стануваат замаглени и нечитливи. Впрочем, повторно обрнете внимание на првата реченица од овој параграф додека го читате следново:…

Автоматичноста е еден од основните феномени кои се истражуваат во когнитивните науки. Таа се дефинира како способност да се процесираат информации и извршуваат задачи брзо, ефикасно и независно, без исцрпување на когнитивните ресурси, без свесна намера, без внимание и напор, со еден збор – без некаква когнитивна контрола. Карактеристично за…

Во афричка савана, набљудуваме четири долги и елегантни нозе, кафеавкасти петна кои се протегаат по должината на најдолгиот врат во природата, на чиј врв се наоѓа долгнавеста глава со пар тенки уши, врз која има две рогчиња во форма на четки. Не е тешко да се заклучи дека животното кое…