Блог за когнитивни науки и други љубопитности

Психологија

Ајде да се обложиме дека во текот на читањето на овој напис барем еднаш ќе зевнете. Не затоа што e здодевен — туку поради фактот што зевањето е многу “заразно”. Ова го тврдам врз основа на студиите кои покажуваат дека во лабораториски услови зевањето може да се поттикне преку разни методи:…

Додека ги читате овие реченици, буквите се оцртуваат и отскокнуваат од позадината, нивните линии се остри и прецизни, но ако само за момент ги свртите очите за некој сантиметар понастрана од нив — стануваат замаглени и нечитливи. Впрочем, повторно обрнете внимание на првата реченица од овој параграф додека го читате следново:…

Автоматичноста е еден од основните феномени кои се истражуваат во когнитивните науки. Таа се дефинира како способност да се процесираат информации и извршуваат задачи брзо, ефикасно и независно, без исцрпување на когнитивните ресурси, без свесна намера, без внимание и напор, со еден збор – без некаква когнитивна контрола. Карактеристично за…

Претходно зборувавме за апсолутниот праг на перцепцијата врз основа на кој организамите детектираат присуство или отсуство на одредена дразба. Во овој напис ја дискутираме најмалата потребна разлика во интензитетот на дразбите за организмот да ги разликува една од друга. На Слика 1 е прикажана мојата дигитална кујнска вага. Нејзиниот произведувач…

Во 1860 год. една книга радикално го менува мислењето на многу тогашни научници и филозофи кои сметале дека човечкиот ум не може објективно да се мери. Германскиот физичар Густав Теодор Фекнер (1801–1887) ја објавува “Елементи на психофизиката”, книга со која практично психологијата станува експериментална наука. Психофизиката ја проучува релацијата помеѓу…

Се сеќавате ли на малиот Зоки од претходниот напис? Палавкото по третото одење на заболекар разви силна одбивност кон белите мантили (условна дразба) затоа што почна да ги асоцира со болката (безусловна реакција) предизвикана од бушењето на дупчалката (безусловна дразба). Колку и да делува нерационално неговата фобија, наученото создавање на…

— Абе каци бе тиии? — прашува заболекарот милно гледајќи во малиот Зоки. Крајно пријателскиот однос на докторот се должи на тоа што Зоки веќе по трет пат се наоѓа во истата ординација, довлечкан од своите родители за да му ги поправат запчињата. Иако сите околу него се насмеани и…

Сребрен џип од марката Volkswagen Touareg брзо ги минува километрите на автопатот кај местото Нова Градишка во Република Хрватска рано утрото на 16 октомври, 2007 година. На совозачкото место седи Тоше Проески, македонскиот пејач со волшебен глас, зад него, неговата менаџерка Лилјана Петровиќ и возачот Ѓорѓе Георгиевски — негов пријател….

Во афричка савана, набљудуваме четири долги и елегантни нозе, кафеавкасти петна кои се протегаат по должината на најдолгиот врат во природата, на чиј врв се наоѓа долгнавеста глава со пар тенки уши, врз која има две рогчиња во форма на четки. Не е тешко да се заклучи дека животното кое…

„Да видам, па да поверувам“ е стара изрека која за првпат се среќава во литературата некаде околу средината на 17-от век. Таа денеска се користи на многу јазици во секојдневниот говор, како наслов на новели, филмови, песни, па дури и како име на организации. Во суштина, изреката содржи правило за…